
Напаѓачот на Борусија Дортмун Серхоу Гираси (29) моментално е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 голови, иако за првпат во кариерата игра во ова елитно клубско натпреварување.
Го следат ѕвезди како Рафиња, Левандовски (двајцаа од Барселона), Хари Кејн (Баерн), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Жуниор и Килијан Мапе (обата од Реал Мадрид).
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Репрезентативецот на Гвинеја ја потврди својата одлична форма и синоќа на реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик за победа 3:1 против Барселона.
Гираси во минатото играше во клубови кои се бореле за опстанок, но во последните две сезони неговата кариера доби светлина на крајот од тунелот.
Во дресот на Штутгарт минатата сезона постигна 30 голови и запиша три асистенции во сите натпреварувања.
Борусија минатото лето за него плати отштета од 18 милиони евра и потпиша четиригодишен договор со Гираси.
Во Лигата на шампионите има 13 голови и пет асистенции, а до сега оваа сезона во сите натпреварувања постигнал вкупно 28 погодоци и додал девет асистенции.
Фото: UEFA