
Дени Мусовски кој е Македонец кој долги години живее во САД како што стојат работите изгледа ќе биде засилување за македонската репрезентација за баражот во март против Данска.
Од поодамна Македонија е во контакт со Мусовски обидувајќи се да постигне договор и како според последната објава на ФФМ, сега веројатно е се завршено.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, Мусовски е гостин во новиот подакст во на ФФМ кој ќе биде емитуван в четврток од 20:00 часот.
Неговото гостување веројатно е најава за неговиот повик во репрезентацијата.
Mусовски целата своја досегашна кариера ја помина во клубови во САД, а сега е член на тимот на Сиетл.