Дома Останати Тенис Надал го отвори музејот за неговите успеси на Ролан Гарос (Фото)

Надал го отвори музејот за неговите успеси на Ролан Гарос (Фото)

Шест дена пред почетокот на Ролан Гарос, првиот на кој може да биде присутен само како пензионер, Рафаел Надал отвори специјално крило на музејот во неговата академија во родниот крај – посветено на големите успеси на парискиот грен слем.

„Како што знаете, Ролан Гарос е најспецијалниот турнир во мојата кариера. Благодарност до сите кои го создадоа ова специјално место во музејот во Академијата Рафаел Надал со сите спомени. Се гледаме во Париз во недела,“ напиша легендарниот Шпанец на социјалните мрежи со потсетување дека првиот ден од големиот турнир ќе му биде организирана свечена проштална церемонија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што пишуваат шпанските медиуми, во музејот се изложени фотографии од сите 14 освојувања на купот „Мускетари“ на Ролан Гарос, ракетите, патиките и марамите кои ги користеше на секој од 112-те натпревари на париската земја, како и сите податоци и реплики од трофеите. Тука е и реплика на статуата која парискиот турнир ја посвети на својот најголем шампион.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …