Дома Останати Тенис Надал: Докторите ми кажаа дека никогаш нема да играм тенис, но ова ја спаси мојата кариера

Надал: Докторите ми кажаа дека никогаш нема да играм тенис, но ова ја спаси мојата кариера

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал, ја отвори „душата“ и зборуваше за животот по пензионирањето, признавајќи дека од ноември нема ни допрено рекет и дека го загубил она што со години го дефинираше – натпреварувачкиот дух.

Надал се повлече од професионалниот тенис на Финалето од Дејвис купот 2024 година, по поразот од Холанѓанецот Ботик Ван де Зандшулп, со резултат 6:4, 6:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Говореше и за своите почетоци, кога од трета година го тренираше вујко му Тони:

Растев во семејство што ми даваше поддршка, но не и дополнителен притисок. Кога доаѓаат тешки моменти, тоа што си го научил порано ти помага да се соочиш со нив.

Откри и детали за синдромот на Милер-Вајс, хроничен проблем со стапалото што го мачи уште од 2005 година:

Повеќе доктори ми рекоа дека никогаш нема да играм повеќе. Имав 19 години… На крај, решението беше да носам специјално прилагодени влошки и патики со седум милиметри дополнителна поддршка. Го спасивме стапалото, но остатокот од телото беше уништен“, кажа Надал.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…