Дома Фудбал На Влаховиќ му е судена Премиер лигата, но не Арсенал?

На Влаховиќ му е судена Премиер лигата, но не Арсенал?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок и тоа веќе не е новост.

Не е новост и дека многу клубови веќе покажаа интерес. Неодговорно се пишуваше за тоа дека го сака Фенербахче чие финансиско влијание е несомнено, но Душан како напаѓач кој целосно не го покажал својот потенцијал, според сите закони на логиката, треба да избере квалитетна лига за свој понатамошен напредок.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Премиер лигата е токму такво место. Се зборуваше и сè уште се зборува за Арсенал, но, според информациите на новинарот Руди Галети, Астон Вила се појави како конкурент за неговиот потпис.

По заминувањето на Џон Дуран во Саудиска Арабија, што им донесе многу пари, Вила го потпиша Дониел Мален, и го доведе на заем Марко Асенсио и Маркус Рашфорд. Никој од нив не е класичен напаѓач и освен Оли Воткинс, клубот од Бирмингем има проблеми со таков тип напаѓачи.

Влаховиќ се наметнува како идеално решение. Години, физички способности, брзина, искуство во играње на најголемите натпревари… Сè е тука. Унај Емери сериозно го разгледува и се очекува да се остварат некои посериозни контакти. Во моментов сите се фокусирани да ја завршат тековната сезона што подобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …