Дома Фудбал На продажба е ставен најпознатиот стадион на светот поради огромни долгови

На продажба е ставен најпознатиот стадион на светот поради огромни долгови

Легендарниот стадион Маракана во Рио де Жанеиро, еден од најпознатите на светот, наскоро би можел да добие нов сопственик. Владата на сојузната држава Рио има планови да го продаде овој стадион за да прибере средства за исплата дел од значителниот долг кон федералните власти.

Оваа одлука е донесена од Одборот за устав и правосудство на Законодавното собрание на државата Рио де Жанеиро (ALERJ), кој на предлог-законот вклучи дополнителни 14 недвижности за продажба – меѓу нив и славната Маракана.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Претседателот на одборот, Родриго Аморим, подвлече дека целта е намалување на трошоците за одржување на скапи и недоволно искористени објекти.

„Владата троши вистинско богатство за одржување на комплексот Маракана – околу милион реали (160.000 евра) по натпревар“, изјави Аморим за бразилските медиуми.

Според буџетскиот план за 2026 година, државата Рио де Жанеиро ќе мора да плати скоро 12,3 милијарди реали (околу 2 милијарди евра) само за камати и отплата на долгот кон Федерацијата. Продажбата на Маракана е дел од поширокиот план за финансиско закрепнување на државата.

Меѓутоа, планот сѐ уште не е изгласан во собранието и се очекува да предизвика жестока јавна дебата. Многумина сметаат дека продажбата на легендарниот стадион би претставувала удар врз националниот гордост на Бразил, додека властите инсистираат дека ова е неопходен чекор за спас на јавните финансии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш: Ал Хилал ми нудеше еден куп пари, но мојот сон беше да освојувам пехари со Јунајтед

Бруно Фернандеш, откри дека навистина добил примамлива понуда од Саудиска Арабија, конкрет…