
Вил Камингс (33), кошаркарот на Галатасарај, се соочи со сериозен здравствен проблем поради кој одамна го нема на теренот. Последниот натпревар го одигра на 1 февруари оваа година против Петкимспор.
Имено, на Камингс му е дијагностицирана саркоидоза.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Станува збор за хронично воспалителна болест која најчесто се појавува во белите дробови и лимфните жлезди, но може да зафати и кој било друг орган.
Галатасарај не го соопшти очекуваното време на отсуство на нивниот плејмејкер. Кај полесните форми е потребно мирување во траење и до неколку месеци, додека во случај на потешка варијанта е потребна терапија со кортикостероиди, а во такви случаи целосното отстранување на саркоидозата од организмот може да потрае и до пет години.