
Долготрајната сага околу статусот на германскиот фудбалер Лерој Сане во Баерн од Минхен се приближува кон крај, откако според информациите на Флоријан Платенберг, крилниот играч ја одбил новата понуда од “Алијанц арената” и како слободен агент ќе ја напушти Баварија.
Поранешниот играч на Манчестер Сити, чиј договор со Баерн истекуваше на крајот од јуни, беше посакуван од управата на клубот, но тие не беа подготвени да ја зголемат финансиската понуда за плати на играчот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Откако ја одби првичната понуда, стана јасно дека Баерн ќе има проблеми да го задржи натурализираниот Германец. Сепак, челниците на најтрофејниот германски клуб беа спремни да ја зголемат заложбата, но не доволно за да го променат неговото мислење.
По петгодишниот престој во Минхен, Сане ќе го напушти клубот со кој неодамна го освои шампионска титула во Германија, а според повеќе извори, неговата следна дестинација ќе биде Галатасарај.
🚨🇩🇪 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆 | Галатасарај се многу блиску до потпишување на договор со Лерој Сане (29) на 3 години! 🟡🔴
— EuroFoot (@eurofootcom) June 11, 2025
Турскиот клуб има предност во трката за Сане бидејќи може да понуди учество во Лигата на шампиони на УЕФА, изјавува @yagosabuncuoglu. pic.twitter.com/BK2YoaITvL
Најдобриот турски клуб е во напредна фаза на преговори со играчот. На маса е тригодишна понуда која најверојатно ќе биде прифатена, што значи дека шампионот на Турција ќе ја започне следната сезона уште посилен отколку претходно.
Како што се наведува, Сане нема да патува со Баерн на Светското клупско првенство, а во новиот клуб се очекува да има плата помеѓу 10 и 12 милиони евра по сезона.
Фото: FC Bayern/X