Един Терзиќ е без ангажман од летоска, кога му истече договорот со Борусија Дортмунд. Во текот на својот мандат со црно-жолтите тој освои Куп и Суперкуп, но во последното коло од сезоната 2022/2023 остана без титулата шампион по поразот од Мајнц. Тоа беше можност за првата титула на Борусија по повеќе од десет години.
Во својата последна сезона на клупата на Борусија заврши на петтото место во првенството и стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде што беше поразен со 0:2 од Реал Мадрид. Неговите солидни резултати го направија еден од најбараните тренери на пазарот. Порано беше поврзуван со бројни европски клубови, од кои најконкретна беше понудата од Вест Хем, која изгледа дека Терзиќ ја одби.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Сега, иранските медиуми го поврзуваат со Персеполис. Според достапните информации, претседателот на клубот Реза Дервиш веќе почнал преговори со Терзиќ. Персеполис, најпопуларниот клуб во Иран, има милиони навивачи и е исто така успешен, има освоено седум титули во последните осум сезони и вкупно 16 во историјата.
Персеполис моментално заостанува пет бода зад водечката екипа и бара тренер кој би можел да ја промени ситуацијата. Терзиќ очигледно е еден од главните кандидати, но не е познато дали планира да прифати ангажман надвор од Европа.