Дома Фудбал На повидок големо изненадување: Тер Штеген се сели во Италија?!

На повидок големо изненадување: Тер Штеген се сели во Италија?!

Марк Андре Тер-Штеген повеќе не е дел од плановите на Барселона и е предмет на интерес за Интер!

Јан Зомер е голема желба на турскиот Галатасарај, кој се надева да го доведе летово, а Интер започнува да размислува за потенцијални замени, при што Тер-Штеген е една од опциите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Германецот ја изгуби довербата кај Ханси Флик откако не успеа да се наметне по долгата пауза предизвикана од сериозна повреда на коленото.

Одлуката на спортскиот директор Деко и Ханси Флик да го исклучат по враќањето од настап во Лигата на шампионите на голманот не му се допаднала.

Сето ова доведе Барселона експресно да го ангажира Жоан Гарсија од Еспањол како нов голман, додека Војчех Шченсни ќе остане како замена.

Иако Тер-Штеген не би сакал лесно да ја напушти Барселона, понудата од Интер и приближувањето на Светското првенство може да го поттикнат да ја промени својата одлука, за да не помине сезона на трибини, а во тааква ситуации може да стравува и за повик на Мундијалот..

Се шпекулира дека Интер веќе стапил во контакт и со Тер-Штеген и со Барселона, и отштетата би можела да биде многу мала или дури бесплатна, ако Германецот се согласи да го раскине договорот и да се откаже од сите финансиски бенефити до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …