Дома Фудбал На никој не му успеало вакво нешто: Модриќ сруши нов рекорд во Лигата на шамионите

На никој не му успеало вакво нешто: Модриќ сруши нов рекорд во Лигата на шамионите

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи ги градските ривали, играчите на Атлетико. Откако Реал во првиот натпревар победи 2:1, синоќа Атлетико беше подобар во регуларниот дел 1:0. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше одреден дури по изведувањето пенали.

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ играше од првата минута за Реал и со тоа постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите во својот 140-ти настап.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Модриќ го одигра својот 12-ти натпревар во елитното европско натпреварување, што е рекордно број на натпревари во Лигата на шампионите за играч кој има наполнето 39 години. Досега беше изедначен со Португалецот Пепе и Шкотот Дејвид Веир, но сега хрватскиот репрезентативец е сам на врвот.

Исто така, ова му беше 42-ри настап во мадридското дерби. Рекордер е Серхио Рамос, некогашен играч на Реал, кој има 43 настапи. Рамос веќе не игра за „кралскиот клуб“, па Модриќ може да го изедначи тој рекорд, па дури и да го надмине ако остане уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…