Дома Останати Кошарка На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сполстра, изгорела во голем пожар што избувнал во раните утрински часови.

За среќа, никој не е повреден, а Сполстра не бил дома во моментот на инцидентот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите на противпожарната служба на округот Мајами-Дејд, повикот за пожар пристигнал околу 4:36 наутро по локално време. Само неколку часа порано, Сполстра со тимот на Хит гостувал во Денвер, а чартер летот од Колорадо слетал во Мајами нешто по пет наутро.

Тренерот на двојниот НБА шампион пристигнал на имотот порано по враќањето, додека противпожарните екипи веќе биле на терен и се обидувале да го стават под контрола пожарот. Во гаснењето учествуваа повеќе од 20 единици, со поддршка од воздух, а пожарот беше локализиран по три часа напори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално:Партизан има нов тренер!

Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди доаѓањето на Жоан Пенјароха како нов тренер на тимо…