
Искусниот Клаудио Раниери заврши извонредна работа како тренер на Рома. Го смири тимот по напорниот период со Де Роси и Иван Јуриќ, ја стабилизираше екипата и ја донесе во состојба да се бори за Лигата на шампионите, нешто што изгледаше како „научна фантастика“ кога пристигна.
На крајот, Рома го заврши првенството на петтата позиција во Серија А, оставајќи недовршена разлика од еден бод за Лигата на шампионите, и ќе игра во Лигата на Европа. Раниери нема да продолжи како тренер, туку ќе помине на некоја од директорските позиции.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Имаше голема, но невистинита вест, дека главен кандидат ќе биде Јирген Клоп, потоа се спомнуваше и Сеск Фабрегас. Денес сите погледи се насочени кон Ѓанпјеро Гасперини (67), искусниот тренер на Аталанта.
Според „Скај Спорт“, Рома и Гасперини се во финална фаза на преговорите и наскоро би можел да биде официјално назначен.
Гасперини со години прави неверојатни подвизи со Аталанта.
Популарниот Гасп го доведе овој мал клуб на ниво да биде сериозен противник не само во Италија, туку и на меѓународната сцена. Сé кулминираше минатата сезона, кога Аталанта ја освои Лигата на Европа.
Оваа сезона повторно го внесе тимот од Бергамо во Лигата на шампионите, но се чини дека ќе се соочи со нови предизвици во Рим.