Дома Фудбал На Кимих му здосади: На секои два-три дена ли да го повторувам истото?!

На Кимих му здосади: На секои два-три дена ли да го повторувам истото?!

Спортскиот директор на Баерн Кристоф Фројнд изјави дека е уверен дека Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со тие клуб, пренесува германски Скај спорт.

На овој фудбалски универзалац моменталниот договор со минхенскиот клуб му истекува на 30 јуни оваа година, поради што се појави информација дека потоа ќе потпише за Реал Мадрид.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бидејќи сè уште не потпишал продолжување на договорот со моменталниот клуб, приказната за кралскиот клуб овие денови само дополнително се загрева.

„Сигурен сум дека Кимих ќе реши да продолжи да игра за Баерн“, рече спортскиот директор на минхенскиот клуб Фројнд.

Кимих стигна во Баерн во 2015 година од Лајпциг.

„Дадов јасна изјава пред две недели. Ситуацијата не се промени. Искрено, не можам на секои три дена да давам нови информации. Во некој момент ќе има некои новости, но нема да коментирам на секои три дена“, изјави Кимих, очигледно алудирајќи на тоа што кажа дека би сакал најмногу да остане во сегашниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…