
Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и навивачите на Граѓаните веруваат дека во мај повторно ќе прослават барем еден или два трофеи.
Сепак, во последно време многу се пишува за судбината на Пеп Гвардиола на клупата на Граѓаните. Шпанецот има договор со Сити до летото 2027 година, но некои медиуми на Островот пишуваат дека Гвардиола можеби ќе го напушти Етихад на крајот од сезоната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Без разлика како ќе заврши тековната сезона, се смета дека дошло до заситување. Дека оваа работа е посериозна, доказ се и тивките пишувања за тоа како Манчестер Сити веќе го испитува теренот за нов тренер.
Наводно, челниците на тимот од Етихад веќе разговарале со Енцо Мареска, и тоа зад грбот на Пеп.
Гвардиола никој не го известил за споменатите разговори, но изгледа Шпанецот не се грижи многу за тоа.
Пеп Гвардиола е сигурен во својата позиција на клупата на Манчестер Сити барем уште една година.
Кога во почетокот на јануари беше прашан за својата иднина, Гвардиола успеа да се сокрие зад одговорот.
„Имам договор. Реков милион пати. Овде сум 10 години. Ќе заминам еден ден, но имам договор”, рече тогаш Гвардиола.