Дома Фудбал На „Енфилд“ му е „забранет влезот“ поради Жота, а тој првпат се огласи во јавност

На „Енфилд“ му е „забранет влезот“ поради Жота, а тој првпат се огласи во јавност

Луис Диаз на дебито за Баерн успеа да се запише на листата на стрелци, а голот го прослави во стилот на Диого Жота. Колумбиецот поради Жота беше на жестока мета на критики и сега првпат реши да говори на оваа тема.

Баерн успеа пред неколку дена да го освои првиот трофеј на почетокот на новата сезона, бидејќи во финалето на германскиот Суперкуп успеа да го победи Штутгарт со 2:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јунак на Баварците беше Луис Диаз кој на првиот официјален натпревар за овој клуб успеа да постигне и дебитантски гол, кој на крај Баерну му донесе трофеј во Суперкупот.

Она што привлече најголемо внимание е прославата на Диаз која беше во стилот на трагично починатиот Диого Жота. На тој начин Колумбиецот оддаде почит на неговиот вчерашен соиграч од Ливерпул.

На тој начин колку-толку ги смири критиките кои траат веќе речиси два месеца, а сево ова поради тоа што Диаз не се појави на погребот на Жота и неговиот брат Андреа Силва, затоа што беше на една забава во Колумбија.

Диаз беше жестоко критикуван од навивачите на Ливерпул и многумина сметаат дека тоа беше и главната причина што на крајот клубот лесно реши да го пусти да оди во Баерн.

Диаз порача дека уште е во шок поради она што му се случи на Жота и неговиот брат и никако не може да го прифати дека тие повеќе не се меѓу нас.

„Сето ова е толку брутално… Фактот што веќе не е со нас и што изгубивме неверојатен соиграч е нешто во кое сè уште не можам да верувам. Никој од нас не беше подготвен да добие такви вести. Тој беше навистина одличен соиграч кон мене“, изјави Диаз.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…