Дома Фудбал На 30 години играше за Реал Мадрид – денес никој не го сака!

На 30 години играше за Реал Мадрид – денес никој не го сака!

Еден од фудбалерите чия кариера доживува огромен пад во последните години е Бразилецот Касемиро. За него сè тргна надолу со преминот во Манчестер Јунајтед и крајот не се гледа.

Бразилскиот средишен играч Касемиро одамна повеќе не е на ниво за голем клуб. Со 30 години го напушти Реал и премина во Манчестер Јунајтед кој го плати 70 милиони евра.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Касемиро игра ужасно во дресот на Црвените ѓаволи. Се утопи во сивилото на целиот клуб и кризата е невидена.

Фактот дека игра изразито лошо се одрази и на кариерата на 33-годишниот бразилски средишен играч. Јунајтед сака да се ослободи од него, но тука настанува огромен проблем.

Во моментов нема клуб кој е заинтересиран за неговите услуги, па од Јунајтед зависи одлуката за потенцијалната исплата на преостанатите договорени 350.000 фунти неделно или неговиот престој во клубот до истекот на соработката следното лето.

“Ниту еден клуб не покажува конкретен интерес за доведување на Касемиро. 33-годишникот бара огромна плата, а никој не му ја нуди”

За да се задржи на друго место, Бразилецот очигледно ќе мора да ги намали своите барања бидејќи сега тие се исклучително нереални со оглед на квалитетот што го поседува.

Овој фудбалер во претходниот период беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија. Меѓутоа, и тој интерес се намали по скромните настапи на Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совл…