Дома Фудбал Најубавата фудбалерка во светот: Јас сум жена и ако сакам да играм со шминка – ќе играм!

Најубавата фудбалерка во светот: Јас сум жена и ако сакам да играм со шминка – ќе играм!

Најпознатата светска фудбалерка Алиша Леман проговори за навредливите коментари што ги добива на социјалните мрежи, но и во јавноста и на натпреварите поради секогаш средениот изглед.

Леман стана позната на социјалните мрежи и стигна до тоа нејзиниот секој кариерен подвиг во фудбалот да се следи со посебно внимание.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Меѓутоа, поради секогаш средениот изглед, често е на удар од навивачите и фановите кои сметаат дека нема потреба да се играат фудбалски натпревари со многу шминка и надградени нокти.

Популарната Швајцарка, која настапува за Јувентус, овојпат проговори за тој проблем и порача дека не е пријатно да се слушаат такви коментари.

“Секогаш е така, бидејќи луѓето ме прашуваат ‘зошто носиш толку шминка на натпреварите’ или зошто го правиш ова или она. Јас сум жена, ако сакам да играм нашминкана, ќе се нашминкам. Ако сакам да ги направам ноктите, ќе ги направам”, рече Леман и додаде:

“Тоа е дел од мене, не ги слушам таквите работи затоа што не е нешто на кое треба да се фокусирам. Сум самоуверена, сум среќна и смеам се секој ден. Се будам среќна, но очигледно е проблем кога имаш такви коментари. Не е баш пријатно”, додаде Швајцарката во разговор за talkSport.

Леман е моментално фудбалерка на Јувентус, а во кариерата играше уште и за Астон Вила, Евертон, Вест Хем и Јанг Бојс. За репрезентацијата на Швајцарија има одиграно 58 натпревари и постигнато девет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал размислува за големо име како замена за Анчелоти!?

Реал Мадрид вчера го победи Леганес и остана во трка за шампион на Шпанија. Во Лигата на ш…