Дома Фудбал Најперспективниот напаѓач од Премиер лигата се пресели во Азија поради – богатство!

Најперспективниот напаѓач од Премиер лигата се пресели во Азија поради – богатство!

Колумбискиот фудбалер и досегашен играч на Астон Вила Џон Дуран (21) премина во саудискиот Ал Наср, пренесоа англиските медиуми.

Англиските медиуми пренесоа дека трансферот вреди 76.000.000 евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дуран дојде во Астон Вила во јануари 2023 година од Чикаго, и оваа сезона постигна 12 голови за тимот од Бирмингем во сите натпреварувања.

Ова е вториот најголем трансфер на Астон Вила во историјата, откако Џек Грилиш премина во Манчестер сити за 120 милиони фунти.

Според некои извори, младиот напаѓач ќе има годишна плата од 20.000.000 евра, што е речиси четири пати повеќе од 4.600.000 евра по сезона, колку што му беше загарантирано со договорот во Астон Вила.

Дуран има одиграно 15 натпревари за репрезентацијата на Колумбија и постигнато два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …