Дома Фудбал Најмар се враќа во репрезентацијата на Бразил по пауза од година и пол

Најмар се враќа во репрезентацијата на Бразил по пауза од година и пол

Најмар се препороди откако се врати во Сантос, а на седум натпревари успеал да постигне три гола и да забележи исто толку асистенции.

Неговите одлични настапи ги забележал и селекторот Доривал Жуниор, кој го повика Најмар во репрезентацијата на Бразил за квалификациските мечеви за Светското првенство против Колумбија и Аргентина.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Така најдобриот стрелец во историјата на Бразил (79 гола) се враќа во репрезентацијата по година и пол, а последниот натпревар го одиграл на 18 октомври 2023 против Уругвај во квалификациите за Мундијал. На тој меч, Најмар сериозно го повреди левото колено.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ добил понуда од која „боли глава“, но неговиот одговор бил – не!

Душан Влаховиќ неодамна ја одби понудата на Фенербахче од 10.000.000 евра по сезона, а ита…