Жозе Мурињо и неговиот Тотенхем вечерва беа шокирани во Загреб, Динамо Загреб ги победи со 3:0 и ги елиминираше од Лигата на Европа.
Херој на Динамо беше Мислав Орсиќ кој постигна хет-трик. После натпреварот Мурињо откри дека неговите играчи биле спремни посебно да внимаваат на Орсиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Верувам дека не сме изненадени од Динамо затоа што пред натпреварот знаевме дека мораме да играме на победа и да избегнеме непријатности какви што на крајот доживеавме. Им кажав на моите играчи да одат на победа и на полувремето им зборував да не се опуштаат ако е 0:0“.
„Ставот на Динамо беше исправен. Беа мотивиран и имаа голема желба за победа, сакаа да докажат дека имаат талент да се надигруваат со најдобрите. Тоа може да се нарече професионализам. Тоа е она што е најважно“.
„Сакајте верувајте или не ама моите играчи гледаа и гледаа акции од Орсиќ пред натпреварот. Им ги дадов на играчите сите информации за Орсиќ, но ете се случи тоа што сите го видовте. Честитки до него на одличната вечер“, изјави Мурињо.