Дома Фудбал Италија Mурињо: Бонучи и Киелини можат да играат со затворени очи, штета за Спинацола

Mурињо: Бонучи и Киелини можат да играат со затворени очи, штета за Спинацола

Новиот тренер на Рома Жозе Мурињо за италијанските медиуми го коментираше претсојниот дуел на ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Шпанија, како и тешката повреда на Леонардо Спинацола.

Славниот Португалец смета дека Шпанија не е толку силна како Италија, а откри дека разговарал и со Спинацола после повредата на Ахиловата тетива.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо во петокот пристигна во Рим и веќе утре треба да ги започне припремите со Рома за новата сезона.

„Италија е многу поврзана со својата репрезентација. Во овој момент сум во карантин во Рим со клубот, но од тука чувствувам дека сите се многу возбудени и позитивни поради националниот тим“.

Манчини направи фантастичен тим.

„Не им одеше добро сега се во полуфинале на ЕУРО. Тимот е одлично составен, знаат и да напаѓаат и да се бранат. Бонучи и Киелини можат да играат со затворени очи. Бековите се одлични, штета за Спинацола. Замислете како ми е мене. Нема да го имам отприлика шест месеци. Во репрезентацијата веројатно ќе биде заманет од Емерсон кој е добар и искусен играч, но Спинацола играше неверојатно добро“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан размисува да го врати Алегри

Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри би можел наскоро да седне на кор…