Горзад Михаилов вчера беше промовиран за нов тренер на Вардар, а денеска порача дека за Вардар во битката за опстанок секој натпревар ќе биде финале.
Вардар се наоѓа на последната позиција пред продолжувањето на сезоната, па затоа секој дуел ќе биде од исклучтелна важност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вардар е клуб на народот, најголем македонски фудбалски бренд. Целта е заедно со моите соработници и фудбалери да направиме една кохезија, една екипа која на сите 15 натпревари ќе атакува на победа.
За нас секој натпревар ќе биде финале пред финале и верувам дека со фудбалерите кои ги имам на располагање, но дополнително и со засилувањата кои допрва треба да пристигнат, ќе создадеме стабилен, респектабилен Вардар, со кој ќе ја оствариме посакуваната цел на крајот од сезоната“, изјави стратегот на црвено-црните.
Вардар на табелата е последен со 17 бодови по 18 одиграни кола пред нив се Македонија Ѓорче Петров со 18 и Воска Спорт со 20.