Ливерпул пред десетина дена ги израдува своите навивачи со објавата дека Такуми Минамино е нов играч на овој клуб.
Минамино на „Енфилд“ пристигна од Ред Бул Салзбург за околу осум милиони евра, а овој потег ги воодушеви навивачите. Јапонецот остави добар впечаток во натпреварите од Лигата на шампионите, па управата на „црвените“ реагираше и веднаш го купи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јапонскиот фудбалер помина пет години во дресот на Салзбург и со Ливерпул потпиша договор до летото 2014 година. Наивачите на Ливерпул очекуваа тој да дебитира во четврток против Шефилд, но тоа нема да се случи.
Иако зимскиот преоден рок започнува на 1. јануари Минамино поради правилата на Премиер лигата нема да може да игра на 2. јануари против Шефилд. Тој на дебито ќе мора да почека уште малку, поточно до 5. јануари кога Ливерпул во рамките од ФА Купот ќе игра против Евертон.
Според правилата на ФА новите играчи во Премиер лигата доведени во зимскиот преоден рок не можат да играат на 1. и 2. јануари. Поради тоа Минамино ќе го пропушти дуелот со Шефилд.