Бразилскиот стопер Едер Милитао (21) долго ќе го памети претставувањето во Реал Мадрид.
Милитао со Реал Мадрид потпиша договор на пет години и најавен е како големо засилување во одбраната, но презентацијата пред навивачитен е помина онака како што замислуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Милитао на официјално претставување му се слоши и изгледаше дека може да колабира, а сега објасни што му се случило и зошто.
„Имав долг лет со авион од Бразил, потоа бев одведен на медицинските прегледи кои успешно ги поминав. Знаев дека следи потпишувањето на договорот, а потоа претставувањето пред навивачите, тоа се вообичаени активности, но во целиот тој хаос не стигнав ништо да јадам. Кога на тоа се додаде малата трема која ја имав се случи тоа што сите го видовте. Морав да побарам да ја прекинеме конференцијата“, изјави Милитао.
Éder Militão sentiu-se mal durante a apresentação pelo Real Madridpic.twitter.com/7ePhuF4Wnr
— Visão de Mercado (@visaomercado) July 10, 2019