
На најновата листа на водечки во МВП трката, Лука Дончиќ значително се проби кон самиот врв.
Словенецот блесна на два натпревари, и токму преку тие две средби, речиси преку ноќ, си ја подобри својата шанса да го освои највредниот индивидуален трофеј во најсилната лига на светот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
И покрај тоа што лидер останува Шеј Гилџес-Александер од Оклахома, и натаму со најдобри шанси да ја одбрани титулата од претходната сезона, сепак…
Дончиќ, по неговите спектакуларни настапи, стана главната закана за Канаѓанецот, откако за две вечери постигна точно 100 поени!
Напомена: Лука постигна 40 поени против Хјустон, а потоа веднаш со авион отпатува за Флорида каде што само 24 часа подоцна оствари неверојатни 60 поени против Мајами.
Во тие две средби забележа и 16 скока, 13 асистенции и шест украдени топки.
На третата позиција во тековниот преглед се наоѓа Виктор Вембањама, додека на четвртото место е Никола Јокиќ, кој и покрај моменталната позиција, и натаму високо котира во секоја приказна за МВП признанието.
Кејд Канингем од Детроит е на петтото место, а поради здравствени проблеми ќе биде надвор од игра, што речиси го отфрла од можноста да се вклучи посериозно во финишот на трката за МВП.
https://t.co/wWGNmWnCY9’s updated MVP Ladder:
— NBACentral (@TheDunkCentral) March 20, 2026
1. Shai Gilgeous-Alexander
2. Luka Dončić
3. Victor Wembanyama
4. Nikola Jokić
5. Cade Cunningham
6. Jaylen Brown
7. Jalen Johnson
8. Donovan Mitchell
9. Anthony Edwards
10. Kawhi Leonard