Дома Фудбал Мурињо повторно суспендиран, Бенфика пак се жали

Мурињо повторно суспендиран, Бенфика пак се жали

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, повторно е суспендиран, а клубот токму како и пред реваншот со Реал Мадрид во плеј-офот на Лигата на шампионите, издаде соопштение.

Клубот ја одби казната која ја изрече Дисциплинскиот совет на Фудбалската федерација на Португалија за нивниот тренер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мурињо доби суспензија од два натпревари, една за исклучување од клупата откако ја шутна топката по голот на Леандро Бареира за 2:2, а втората (11 дена суспензија) за несогласувања со Лучо Гонзалес.

„Бенфика одлучно и недвосмислено ја одбива казната изречена за тренерот Жозе Мурињо, од страна на Дисциплинскиот совет на Фудбалската федерација на Португалија. Ова е очигледно неправедна и прогонителска одлука, донесена спротивно на тоа што навистина се случи на крајот од натпреварот“, наведува клубот во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува „очајничка“ мисија да донесе голема ѕвезда на Манчестер сити

Барселона направи „очајнички“ потег за да го потпише ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Ха…