Дома Фудбал Мурињо направи хаос во Португалија пред мечот меѓу Ц. Звезда и Порто

Мурињо направи хаос во Португалија пред мечот меѓу Ц. Звезда и Порто

Жозе Мурињо направи хаос пред натпреварот Порто – Црвена Звезда. Мурињо, кој во 2004 година го водеше Порто до европскиот врв и освојување на Лигата на шампионите, сега го води лутиот ривал на оваа екипа, Бенфика.

Во недела, во рамки на 8. коло од португалското првенство, ќе биде одигран токму дербито помеѓу Порто и Бенфика, a Мурињо, по натпреварот на неговиот тим во Лондон против Челси, го спомна следниот ривал.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Бенфика во второто коло на Лигата на шампионите загуби со резултат од 1:0, но „специјалниот” беше задоволен од тоа што го виде кај неговите фудбалери.

Им кажав на момците дека Челси е подобар од Порто. Ако дојдовме овде и вака игравме, мораме да бидеме позитивни во врска со идните натпревари“, рече Мурињо по натпреварот.

А, потоа, во среда, тренерот на Порто, Франческо Фариоли, на прес-конференцијата пред средбата со Ѕвезда беше запрашан за коментар на зборовите на познатиот Португалец.

За мене, ако имате некое прашање за Црвена Ѕвезда, благодарен сум, бидејќи тоа е единственото за кое сакам да зборувам“, рече Фариоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо: Манчестер јунајтед уште сега договори за наредната сезона!

Раководството на Манчестер Јунајтед успешно го договори првото засилување за следната сезо…