Дома Фудбал Мурињо: Ќе останам најголем во историјата на Челси сè додека некој не освои четири титули

Мурињо: Ќе останам најголем во историјата на Челси сè додека некој не освои четири титули

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека секогаш ќе биде дел од Челси и неговата историја, исто како што и Челси ќе биде дел од неговата историја, и дека не очекува свирежи од навивачите на претстојниот натпревар од второто коло на Лигата на шампиони.

„Секогаш ќе бидам ‘Сините’, дел сум од нивната историја и тие се дел од мојата. Но, веќе не сум ‘Сините’, сега сум ‘Црвените’ и сакам да победам”, рече Мурињо на прес конференција.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Фудбалерите на Челси и Бенфика ќе се сретнат во вторник од 21:00 часот во Лондон, во натпревар од второто коло на групната фаза на Лигата на шампиони.

Португалскиот тренер се смета за еден од најдобрите во историјата на Челси, со кој освои седум домашни трофеи, вклучувајќи три титули во Премиер лигата во два мандата (од 2004 до 2007 и од 2013 до 2015 година).

Неговите претходни доаѓања на “Стемфорд Бриџ” беа проследени со свирежи и навреди од страна на навивачите, особено кога беше тренер на Манчестер Јунајтед и градскиот ривал Тотенхем.

„Сето тоа беше резултат на недоразбирање. Еднаш еден член на стручниот штаб на Челси ме навреди, па реагирав, а луѓето мислеа дека реагирам на голот на Челси… На крајот, всушност ништо не се случи”, додаде 62-годишниот тренер.

Мурињо продолжи со зборовите дека во вторник не очекува свирежи од трибините.

„Не верувам дека навивачите на Челси ќе ме свиркаат. Инаку, на улица постојано ме застануваат за слики и автограми”, рече тој.

Тој во свој стил изјави дека ќе остане најголем во историјата на Челси.

„Челси освојуваше трофеи пред моето доаѓање, но почнаа да победуваат и продолжија да победуваат кога јас дојдов. Потоа доаѓаа нови тимови, нови тренери, освоија нови трофеи, европски па и Лига на шампиони. Челси е победничка машина, но ќе останам најголем сè додека некој не освои четири титули во Премиер лигата”, рече Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Евертон беше казнет поради новото правило, Грилиш шокиран: Никогаш не сум видел такво нешто!

Во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата, Евертон и Вест Хем одиграа нере…