
Еден од најдобрите фудбалски тренери во последните 30 години е Жозе Мурињо, човекот кој освоил бројни трофеи, а сега се обидува да му донесе титула на Фенербахче во Турската лига.
Мурињо ја започна својата кариера како преведувач и помошник на Боби Робсон во Спортинг, Порто и Барселона. Потоа работеше и со Луис ван Гал во Барселона, каде што ги изостри своите тренерски вештини.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Потоа во 2004 година сензационално го одведе Порто до титулата во Лигата на шампиони. Пристигнувањето во Англија на клупата на Челси го одбележа со реченицата „Јас сум Специјалниот“. Првиот мандат: две Премиер лиги (2005, 2006), ФА Куп и Лига Куп. Се врати во 2013 година и повторно ја освои Премиер лигата во 2015 година.
Потоа со Интер ја освои историската тројка во 2010 година, а следните три години работеше во Реал Мадрид, освои Ла Лига со рекорден број на голови и бодови и трипати едноподруго играше полуфиналиња во Лигата на шампиони.
Со Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа, Лига Куп и Комјунити Шилд (2017). Последниот тренер кој му донесе европски трофеј на Јунајтед. Потоа работеше во Тотенхем и Рома, со која ја освои Конференциската лига. Сега е на клупата на Фенер…
„Роналдо Назарио, тој беше неверојатен. Најдобриот фудбалер кој сум го видел“, кажа Мурињо.Фото: Принтскрин