Дома Фудбал Мурињо доби 102 милиони евра од раскинување на договори: Бенфика се заштити со клаузула

Мурињо доби 102 милиони евра од раскинување на договори: Бенфика се заштити со клаузула

Откриени се деталите од двегодишниот договор што Жозе Мурињо го потпиша со Бенфика, а во јавноста излезе и клаузула која би можела да му овозможи на португалскиот стручњак да ја напушти тренерската позиција веќе на крајот на оваа сезона. Да потсетиме, 62-годишниот Мурињо беше без ангажман откако минатиот месец доби отказ во Фенербахче поради неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите, а неговото доаѓање во Бенфика беше потврдено во четвртокот попладне, пишува „Дејли Мејл“.

Иако Бенфика во својот извештај за медиумите навела дека со Мурињо постигнала договор за “спортски договор за вработување кој ќе трае до крајот на спортската сезона 2026./27.”, португалскиот медиум Record открива детал од него. Во него постои излезна клаузула согласно која “секоја од страните може да го раскине договорот” во период од 10 дена по завршувањето на актуелната сезона.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ако соработката не оди според планот, Бенфика во тој случај би платила “значително пониски трошоци” за предвремено раскинување. Клаузулата важи и за Мурињо, ако тој одлучи да замине, би морал на клубот да му исплати “еквивалентен износ”.

Мурињо стекна богатство од раскинувања на договори. Само на тој начин на неговата сметка легнале повеќе од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри без двоумење кажа кој мора да ја добие „Златната топка“

Како и сите други, и големиот Тиери Анри има свој фаворит за освојувањето на Златната топк…