Дома Фудбал Мурињо полуде поради новинарско прашање, па направи хаос (Видео)

Мурињо полуде поради новинарско прашање, па направи хаос (Видео)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо го напушти разговорот со новинарите во недела навечер, откако неговиот Фенербахче го победи Хатајспор со резултат 2:1!

Не само што си замина, туку и се караше со еден од нив заради едно прашање, поточно забелешка. И тоа жестоко, а сето тоа заради реченицата: „Важна победа која му овозможува на вашиот тим да остане на осум бодови негатива од лидерот Галатасарај.”

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Таа го предизвика гневот на Мурињо кој почна да се кара со новинарот.

„Зошто се плашите да ја кажете вистината? Од што се плашите во оваа земја?“, лут му се обрати Мурињо на новинарот за време на караницата, алудирајќи на наводната помош од судиите што Галата ја има оваа сезона.

Набрзо потоа, Мурињо го напушти микс зоната, а нема сомнение дека неговата реакција ќе одекне во светот на фудбалот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампион…