Напаѓачот на Челзи, Жоао Феликс би можел кариерата да ја продолжи во Турција. Португалскиот интернационалец е трансфер цел на Фенербахче.
Според „Фотомах“, Жозе Мурињо лично побарал од претседателот на клубот Али Коч да го привлече неговиот сонародник.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мурињо разговарал со Феликс за да го убеди дека преселбата во Турција нема да биде чекор наназад во неговата кариера. Идејата е напаѓачот да пристигне во тимот на позајмица, но со опција за откуп.
Португалецот е резерва во составот на Енцо Мареска, од почетокот на сезоната одигра 9 натпревари во Премиер лигата, но само двапати стартуваше.