Дома Фудбал Мурињо во шок на свој терен, Јунајтед испушти победа

Мурињо во шок на свој терен, Јунајтед испушти победа

Глазгов Ренџерс и Лион си обезбедија предност на гостувањата против Фенербахче и ФЦСБ во Лига Европа, триумфирајќи со 3:1. АЗ Алкмар го совлада Тотенхем, додека дерби дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед заврши без победник.

Џошуа Зиркзе ги донесе „ѓаволите“ до предност во 58-та минута, но Микел Ојарзабал успеа да израмни од пенал во 70-та минута.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Фенербахче загуби на својот терен со 3-1 од Ренџерс. Десерс го отвори резултатот за гостите уште во седмата минута, но Фенербахче постигна изедначување преку Џику во 30-та минута.

На само три минути пред крајот на првото полувреме, Черни ја врати предноста на Глазгов на 2-1, а истиот играч во 81-та минута ги постави конечните 3-1 за тимот од Шкотска.

АЗ Алкмар ја обезбеди својата минимална предност од 1-0 против Тотенхем. Лукас Бергвал, играч од англискиот тим, постигна автогол во 18-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед не простува, навивач нема да може три години да го гледа тимот!

Манчестер Јунајтед изрече тригодишна забрана за присуство на натпревари на еден од своите …