Дома Фудбал Статистичарите пресметаа: Еве колку шанси има Шкендија да се пласира во нокаут фазата!

Статистичарите пресметаа: Еве колку шанси има Шкендија да се пласира во нокаут фазата!

Eкипата на Шкендија вчера остана без цел плен во драматичен финиш. Тетовци синоќа ремизираа 1-1 против полската Јагелонија, иако победата им беше на дофат до самиот крај на натпреварот.

Голот кој го примија во 100. минута, по долги десет минути судиско продолжение, им ја уништи радоста и им ја намали шансата за пласман во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА, покажуваат најновите статистики.

Актуелниот македонски шампион имаше сè во свои раце и беше блиску до нов триумф на европската сцена, но една невнимателност во последните моменти го чинеше бодови и подобра позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…