Дома Фудбал Мурињо кажа кој тренер ја испишал најголемата историја во Премиерлигата

Мурињо кажа кој тренер ја испишал најголемата историја во Премиерлигата

Легендарниот португалски стратег Жозе Мурињо вели дека најголемиот успех во историјата на Премиерлигата не го испишале Сер Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола, иако тие имаат најмногу освоени титули, туку Клаудио Раниери.

Гостувајќи во подкастот на неговиот поранешен играч Џон Оби Микел, Мурињо беше замолен да избере меѓу Фергусон и Гвардиола како најголеми менаџери во историјата на англискиот фудбал. Сепак, во свој стил, Португалецот даде неочекуван одговор.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Ферги или Пеп? Тоа е невозможно да се споредува. Тешко е да се прави паралела меѓу различни генерации, невозможно е да се споредат околностите и условите во кои работеле, како и ресурсите со кои располагале. Но, факт е дека двајцата испишаа историја во Премиерлигата. Сепак, ако зборуваме за најголемата приказна што некогаш се случила во ова натпреварување, тогаш тоа е она што го направи Клаудио Раниери“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга остана без тренер!

Актуелниот шампион во ПМФЛ, Струга Трим остана без тренер откако денес оставка поднесе Ќат…