Дома Фудбал Мудрик пред враќање на терените, веќе е познат и неговиот нов клуб?

Мудрик пред враќање на терените, веќе е познат и неговиот нов клуб?

Украинскиот фудбалер Михајло Мудриќ веќе повеќе од една година не игра поради суспензија откако беше позитивен на допинг тест. Но, сега е на повидок неговото враќање на теренот, а се шпекулира за кој клуб би можел да настапува.

Мудрик последен пат играше во ноември 2024 година за Челси, кога фудбалскиот свет беше шокиран од веста дека е суспендиран поради позитивен допинг тест.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Украинецот од самиот почеток тврди дека е невин и дека не е свесен за внесување на забранети супстанци во своето тело. Сепак, казната му беше изречена во траење од четири години.

Неговиот случај потсетува на оној на Погба, кој беше отсутен речиси две години пред неговата суспензија да биде укината, што сега му овозможува да биде дел од тимот на Монако.

Иако Мудрик остана во Челси, гледно на тоа дека клубот не го раскина договорот со него, постоеја гласини дека тој можеби ќе се откаже од фудбалот за да се фокусира на атлетика.

Сепак, неодамна објави видео кое потврдува дека повторно почнал со тренинзи додека се очекува укинување на неговата суспензија, што би му овозможило повторно да заигра.

Овој 25-годишен фудбалер има активен договор до 2031 година и Челси го плаќа, со надеж дека ќе се врати на теренот и ќе го покаже својот потенцијал.

Според последните информации, Мудрик би можел да се врати на терените веќе од следната сезона и ќе има цело лето да се подготви, но не се очекува тој да игра за Челси.

Според „Л’Eкип“, доколку Мудрик добие дозвола за играње, Челси веројатно ќе го испрати на позајмица, а изгледите се дека негов следен клуб ќе биде Стразбур.

Челси го ангажираше Мудрик на почетокот на 2023 година од Шахтјор за сума од 70 милиони евра.

Пред неговата суспензија, тој одигра вкупно 73 натпревари за „сините”, постигнувајќи десет гола и остварувајќи 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каземиро во Серија А, следна дестинација – северна Италија!

Како што откри Мирко ди Натале, новинарот на Тутоспорт, Каземиро, фудбалерот на Манчестер …