Дома Фудбал Италија Moжен проблем за Милан: Леао се повреди против Лацио!

Moжен проблем за Милан: Леао се повреди против Лацио!

Екипата на Милан попладнево игра против Лацио во важен натпревар во битката за место во Лигата на шампионите, а без разлика каков ќе биде исходот на оваа средба навивачите на „росонерите“ сигурно ќе имаат причина за загриженост.

Во 11-тата минута еден од најважните играчи на Милан, Рафаел Леао го напушти теренот поради повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На местото на одличниот Португалец во игра влезе Салемакерс. Засега нема информации дали Пиоли не сакаше да ризикува и поради претпазливост го замени Леао или станува збор за повреда повреда поради која напаѓачот ќе мора да паузира одредено време.

Повеќе информации за неговата повреда сигурно ќе има по завршувањето на средбата, а Милан веќе во среда го очекува првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против градскиот ривал Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шефот на Баер го критикуваше Реал Мадрид и откри дали Алонсо се враќа во Германија

Чаби Алонсо беше само неколку месеци на позицијата главен тренер на Реал Мадрид. Извршниот…