Младите спортски таленти од фудбалскиот клуб Спортефе, со секој следен натпревар се поблиску до врвот и шампионската титула.
За успехот да биде загарантиран, на адресата на клубот од Скопје, пристигнаа нови дресови, донација од компанијата Mozzart.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лидерот во приредување игри на среќа, одговори на уште едно барање за помош и поддршка на спортски клуб и ги израдува младите фудбалери.
Водејќи се од мотото во децата е нашата иднина, Mozzart е секогаш тука да помогне им да им го олесни патот на младите таленти до успехот.
„Фудбалскиот клуб Спортeфе е формиран во 2012 година, работи со деца на возраст од 6 до 12 години. Редовно се натпреваруваме во детската фудбалска лига, организирана од Фудбалската федерација на Македонија и земаме учество на сите натпревари во земјава и странство. Сакам да изразам голема благодарност до компанијата Mozzart, кои несебично ни излегоа во пресрет и ни донираа опрема која се состои од дрес,шорцеви и штуцни кои нашите млади фудбалерчиња ќе ги носат на сите натпревари”, изјави тренерот Дејан Цветковски
Ова не прв пат Mozzart да помага на млади таленти. Петмина млади кошаркари во текот на летниот период добија стипендии за кампот Ребрача во Златибор, каде имаа можност да ги научат кошаркарските вештини на познатиот „Бананамен”
„Да изнудиш искрена насмевка на детското лице преставува вистинско задоволство. Токму ваква слика не пречека во спортскиот клуб Спортефе. Младите фудбалерчиња и нивните тренери ни приредија топло добредојде. Овие моменти се нашиот најголем ветер во грб да продолжиме со исто темпо, да даваме поддршка и да помагаме секаде каде е тоа потребно”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart
Облечени во новите дресови,среќни и насмеани, младите фудбалери од Спортефе, ветија дека ќе редат само победи на идните натпревари, а Mozzart ќе ги следи нивните успеси.