Дома Фудбал Мота засрамен по дебаклот: Во Торино ечеше името кое најмногу го боли!

Мота засрамен по дебаклот: Во Торино ечеше името кое најмногу го боли!

И покрај тоа што до неделата навечер ситуацијата во Италијанското првенство за Јувентус изгледаше идилично, дебаклот против Аталанта очигледно ги разочара навивачите на најголемиот клуб во оваа земја со младиот тренер Тијаго Мота.

По минатомесечните елиминации од Лигата на шампионите и Купот на Италија, Јувентус го одржуваа во живот резултатите во првенството, каде што цврсто ја држеа позицијата меѓу најдобрите четири екипи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Позициите за пласман во Лигата на шампионите цврсто беа во рацете на Мота и неговите соиграчи, но шамарот од Аталанта ја разори до корен атмосферата во клубот, како што сведочи реакцијата на навивачите.

Најстрастните навивачи на “Старата дама” уште во 80-тата минута почнаа да го напуштаат стадионот, упатувајќи навреди на сметка на управата на клубот, а меѓу фудбалерите најлошо помина Нико Гонзалес, кој беше исвиркан по напуштањето на играта.

“Почитувајте ги нашите бои!”, “Направете нешто”, “Смешни сте”, беа само некои од зборовите што навивачите на Јувентус ги упатија кон сите во клубот.

Огромното незадоволство надвор од стадионот достигна кулминација откако навивачите, по прозивките на сметка на вработените, почнаа да го скандираат името на поранешниот тренер Масимилијано Алегри, кој несомнено остави најголем белег во Јувентус во овој век.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул не може да запре, ќе потроши 75 милиони фунти за ново засилување!?

Ливерпул, кој летово вложи сериозни средства во засилувања, не планира да запре со трансфе…