
Јувентус размислува за опциите за тренерската функција во следната сезона, а меѓу имињата кои повторно се во игра е и Игор Тудор. Додека Тиаго Мота се’ уште е избор на управата на клубот, таму подготвуваат терен и за други сценарија, при што хрватскиот тренер е сериозна опција, јавуваат италијанските медиуми.
Игор Тудор е без работа од ноември минатата година, кога по кратката епизода го напушти Лацио. Пред тоа го водеше Марсеј, а кариерата ја градел во Хајдук, грчки и турски клубови. Јувентус го познава многу добро од претходно, не само како поранешен играч, туку и како поранешен тренер.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Тудор беше асистент на Андреа Пирло во сезоната 2020/21, и тогаш беше задолжен и за тактичките сегменти, вклучително подготовката на одбраната и преминот во напад. Ла Газета дело Спорт пишува дека Мота ќе добие уште една шанса пред конечната одлука, а таа шанса му пристигнува за осум дена, кога Јувентус е домаќин на Џенова.
Тудор не се плаши од конкуренцијата за позицијата на табелата и „би бил подготвен да дојде во Торино веќе утре“, се наведува. Би сакал при тоа и договор за следната сезона. Како најголем конкурент на Тудор во случај на заминување на Мота се споменува Роберто Манчини.