
Реал Мадрид и бразилската фудбалска федерација вчера потврдија дека Родригo добил тешка повреда на предните вкрстени лигаменти и дека поради тоа ќе го пропушти претстојното Светско првенство (извесно и поголем дел од следната сезона), а денес се шират вести дека 25-годишниот напаѓач всушност од 2023 година играл со делумна руптура на вркстените лигаменти?!
Како што наведува угледниот „Атлетик“, по една од репрезентативните акции пред три години, и враќањето во Мадрид, лекарите на Реал увиделе дека кај Родригo постои делумно пукање на предниот вкрстен лигамент. Извори запознаени со ситуацијата, кои сакале да останат анонимни, откриваат дека тогаш медицинската служба на мадридскиот клуб се одлучила за поконзервативна форма на лекување, бидејќи делумната руптура не секогаш бара хируршка интервенција.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Кажано е дека постои одреден ризик од посериозен проблем со предниот вкрстен лигамент, но дека тој ризик може да се ублажи со поголема превентивна работа, како што се физиотерапии и вежби во теретана“, пишува The Athletic.
Случајот на Родригo не е единствен во фудбалот, но очигледно дека во неговиот случај не завршил како што лекарите предвиделе и испланирале…