Дома Фудбал Модриќ не наоѓа мир ни во Америка: Ги засени и тениските ѕвезди на теренот (Видео)

Модриќ не наоѓа мир ни во Америка: Ги засени и тениските ѕвезди на теренот (Видео)

Пред натпреварите против Колумбија и Бразил, хрватските фудбалери Лука Модриќ и Андреј Крамариќ го посетија Мастерсот во Мајами.

Популарното дуо пристигна на мечот на Марин Чилиќ и Зверев во третото коло, а веднаш штом пристигна, Модриќ го привлече вниманието кон себе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Многумина го застануваа и бараа селфи, а хрватскиот капитен немаше мир ни за време на мечот. Гледачите постојано му пристапуваа и бараа фотографија, а покрај Модриќ беше и обезбедување од турнирот кое се грижеше сѐ да помине во најдобар ред.

Од друга страна, Андреј Крамариќ немаше такви проблеми, тој во мир го гледаше големиот меч, сепак, во Америка не е толку познат како во Европа, а особено во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд ја купи најскапата книга во историјата на Норвешка за која плати 115.000 евра!

Ерлинг Халанд, фудбалскиот ас на Манчестер Сити, стана сопственик на најскапата норвешка к…