
Легендарниот хрватски играч за врска Лука Модриќ ова лето направи трансфер од Реал Мадрид во редовите на Милан, со што неодамна се приклучи на италијанскиот гигант.
Модриќ овие денови ги запознава своите нови соиграчи на Сан Сиро, а камерата го фати еден интересен момент во просториите на клубот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Имено, во собата за масажа, Модриќ се сретна со Кристијан Пулишиќ, американски фудбалер со хрватско потекло, чиј дедо Мате потекнува од островот Олиб крај Задар, а нивната средба беше многу топла.
Pulisic x Modricpic.twitter.com/wFzxiRAVB0
— Milan Posts (@MilanPosts) August 7, 2025
Во прегратка се најдоа Модриќ и Пулишиќ, по што новата ѕвезда на Милан го запраша Американецот дали зборува хрватски, на што доби смеа и одречен одговор.
“Не зборувам, единствено хрватско кај мене е пасошот ха-ха,” кажа на шега Пулишиќ, кој успеа добро да го насмее расположен Модриќ.
Пулишиќ доби хрватски пасош пред осум години, додека играше за Борусија Дортмунд, со што ги реши проблемите со работната виза што ги имаат многу фудбалери во Европа без пасош на земја од Европската Унија.
По тоа, и Хрватскиот фудбалски сојуз сакаше да го ангажира Пулишиќ, но крилниот играч тоа го одби.