Шпанскиот напаѓач Алваро Мората често се поврзува со други клубови, но засега останува важен дел од тимот на Атлетико Мадрид.
Мората која има сопруга Италијанка призна дека во последното лето бил многу блиску до трансфер во Интер, но по разговор со Диего Симеоне одлучил да остане во Атлетико.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Пред неколку години Марота ме доведе во Јувентус и оттогаш сум о одлични односи со него. Интер навистина беше блиску до мојот потпис, но на крајот разговарав со тренерот Симеоне и одлучив дека е најдобро да останам во Атлетико.
Имавме еден искрен разговор и си кажавме се што треба, споделивме мислење на разни теми и на крајот одлучивме да останам“, изјави Мората.
Нема дилеми дека со трансферот во Интер ќе ги разочараше навивачите на Јувентус каде што на двапати настапуваше. Сезонава Мората игра одлична сезона во која постигна 14 голови и подели три асистенции.