Далас по поразот од Чикаго остана без плеј-офот, но НБА лигата сега ќе отвори истрага за поразот на Маверикс во тој натпревар (112:115).
Тренерот на Далас, Џејсон Кид по натпреварот изјави дека тимот намерно се откажал од плеј-офот со цел да има подобра позиција на драфтот за да го засили ростерот за наредната сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„НБА отвори истрага околу одлуката на Далас и изборот на играчите за натпреварот против Чикаго Булс, како и причината за таквите одлуки“, изјави Мајк Бас, потрпаролот на НБА.
Кајри Ирвинг, Тим Хардвеј Јуниор, Џош Грин, Макси Клебеер и Кристијан Вуд воопшто не настапија на оваа средба, додека Лука Дончиќ ги одигра само првите 12 минути.