Последната изјава на спортскиот директор на ПСЖ, Луис Окампос привлече големо внимание од медиумите.
Имено, според она што тој го изјави трансферите на Нејмар и Мбапе во францускиот клуб биле грешка. Окампос смета дека ПСЖ не требало во толку краток период да вложи во двајца големи фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во претходните години се правеа некои грешки затоа што на иста позиција беа ангажирнаи неколку фудбалери. Трансфер политиката на клубот не е најдобра затоа што на иста позиција имаме неколку фудбалери, а другите не се добро покриени“, изјави Окампос.
Посебно е интересно што оваа изјава доаѓа во период кога во медиумите се пишува за лоши односи помеѓу двете ѕвезди на клубот од Париз.
Нејмар во 2017 година се пресели во ПСЖ од Барселона во трансфер кој се уште е рекорден, 222 милиони евра. Од друга страна Мбапе првично во 2017 пристигна на позајмица, а потоа неговиот договор ПСЖ го откупи за 180 милиони евра.