Во текот на вчерашниот ден се појави информација за изненадувачката понуда од Реал Мадрид до Лука Модриќ да биде дел од стручниот штаб на „кралевите“ (ТУКА), сепак тоа изгледа нема да се случи.
Денеска шпанските медиуми пренесуваат дека Модриќ донел одлука и ќе ја одбие ваквата понуда затоа што нема намера да ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер пред себе има понуди од МЛС и Саудиска Арабија, а познато е и зошто Модриќ сака да продолжи да биде активен на терените и на 38 години.
Модриќ има желба да биде дел од репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во 2026 година, а потоа би можел да се пензионира. Ваквата желба на Модриќ би значела дека ќе го гледаме на терените уште најмалку две сезони.