Дома Фудбал Младата ѕвезда на Реал не доби шанса оваа сезона. Клубот сака да го испрати на позајмица

Младата ѕвезда на Реал не доби шанса оваа сезона. Клубот сака да го испрати на позајмица

Младиот бразилски талент Ендрик, според информациите, не сака да го напушти Реал Мадрид иако под раководство на новиот тренер Чаби Алонсо се бори за минутажата на теренот.

И додека тој сака да остане, извори од клубот истакуваат дека имаат загриженост и сметаат дека зимската позајмица би била најдобра опција за да ја спаси својата кариера и да обезбеди место во бразилската репрезентација за Светското првенство, пренесува Goal.com.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако има бројни понуди, Ендрик нема намера да го напушти Сантјаго Бернабеу и останува на клупата за резерви. Според The Athletic, играчот не сака да си замине, и покрај тоа што не добива многу минути на теренот.

Проблемот е што во клубот се загрижени за неговата одлука, посебно затоа што заинтересираните клубови веќе подготвуваат “конкретни чекори” за да го донесат во јануари. Поради жестоката конкуренција во нападот на Реал, тешко е да се очекува дека ситуацијата на Ендрик ќе се подобри скоро. Во Мадрид стравуваат дека поради недостатокот од игра би можел да го пропушти Светското првенство, со што би се загрозил развојот на неговата ветувачка кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…