
Како што пишуваат англиските медиуми, Џошуа Зиркзе ќе побара трансфер од Манчестер Јунајтед во јануари.
Напаѓачот е свесен дека нема иднина на Олд Трафорд и сака да најде клуб каде што повторно ќе игра редовно.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Вест Хем наводно води во трката за неговиот потпис.
Зиркезе дојде во Манчестер Јунајтед од Болоња во трансфер вреден 36 милиони фунти, во време кога Ерик Тен Хаг уште беше менаџер.
Очекувањата беа големи, но реалноста беше сосема поинаква.
Холанѓанецот не успеа да се наметне и брзо стана мета на критики од навивачите поради недостатокот на голови. Ситуацијата за напаѓачот дополнително ја влошија летните засилувања – Брајан Мбуемо, Куња и Шешко.
Сега е целосно свесен дека мора да замине за да ја оживее својата падната кариера.
Извори блиски до клубот тврдат дека Манчестер Јунајтед ќе биде подготвен да ги разгледа понудите за Холанѓанецот во јануари.